Италијанската полиција и Интерпол открија голема финансиска измама

Сподели со своите пријатели

Италијанската финансиска полиција го откри авторот на досега најголемиот грабеж во сферата на кибер финансиите, односно берзата на која се разменува криптовалутата Биткон.

Loading...

Станува збор за 34-годишен жител на Фиренца, кој како сопственик на овластена компанија за менување на криптовалута во други валути, оштетил штедачи од целиот свет за 120 милиони евра.

Исто така, тој им овозможил на други хакери да ги пренасочат или присвојат парите на штедачите на сопствените сметки преку информатичката платформа „Битгрејл“, а со тоа да оштетат вкупно 230.000 сопственици на криптовалути од целиот свет.

Акцијата беше успешно завршена благодарение на соработката на италијанската полиција и Интерпол.

Сања Костовска

Leave a Reply