Облачно за Денот на независноста – град и грмежи следниот ден

Сподели со своите пријатели

За време на прославата на Денот на независноста нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремен локален и краткотраен дожд, проследен со ретки грмежи, особено во  јужните и југоисточните делови на земјава, јавува УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен прваец, долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Температура во земјава наутро ќе биде во интервалот од 8 до 16, а највисоката дневна од 23 до 31 степен. УВ  индексот ќе има вредност 6.

 В среда кон крајот на денот и в четврток нашава земја ќе да биде под влијание на влажен бран од  Медитеранот.

Обилни врнежи од дожд се очекуваат в четврток преку денот кои ќе бидат проследени со грмежи и со засилен ветер, наместа е можна појава на град и силни електрични празнења и силен ветер, локално во форма на невреме.

Во западните и југозападните делови на земјава врнежите ќе бидат пообилни, наместа се очекува да наврнат над 30 l/m2 воден талог.