Едно племе од островот Батон во Индонезија стана хит меѓу фотографите, но и на социјалните мрежи, поради невообичаено продорните сини очи и бронзениот тен.
Островот Батон е 19-тиот најголем остров во Индонезија, во југоисточниот регион Сулавеси, а вистинска атракција се староседелците од племето Батон, кои се поделени на неколку помали.
https://www.instagram.com/p/CFj8kPODXd-/?utm_source=ig_embed
Некои од нив имаат Варденбург синдром, што влијае на нивната пигментација, поради што имаат невообичаено сини очи.
Овој феномен е вистинска реткост во Индонезија, бидејќи жителите таму претежно имаат темна коса и темни очи, а тие често се раѓаат со различни бои на очите.
https://www.instagram.com/p/CF8fre6jqdq/
Станува збор за наследна генетска мутација за која се проценува дека има една од 42.000 лица во некоја форма. Сепак, овој синдром може да доведе и до губење на слухот.
https://www.instagram.com/p/CFzSjjMDhbs/
Членовите на племето Батон беа фотографирани за време на неодамнешната посета на островот од страна на Корчној Пасарибу, геолог од Џакарта.
https://www.instagram.com/p/CF0oaaVDvRe/
38-годишниот фотограф го документира животот во рурална Индонезија од септември 2019 година, со посебен фокус на бројни племиња и културно наследство.
https://www.instagram.com/p/CFmM870jwl3/?utm_source=ig_embed
Пасарибу изјавува дека фотографијата е негово хоби и дека тој всушност работи како геолог во рудник за никел.
„Сините очи се уникатни и убави и тие се моја инспирација. Сината е мојата омилена боја на очите”, рече тој.
https://www.instagram.com/p/CFs7uSjDoeC/
Индонезија е огромен архипелаг со над 350 дијалекти и субкултури. Островот Батон, со големина од околу 2.700 квадратни километри, е еден од поголемите индонезиски острови.
Островот е дом на нешто помалку од 450.000 луѓе, повеќето од нив во мали, изолирани племиња.