Дали е ова најдлудото бегство од затвор? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Видеото доаѓа од Русија, и можете да видите многу невообичаен обид за бегство од затвор.

Loading...

Поточно, затвореникот е ставен во „кутија“ и веројатно чека судење. Забележа дека има само штици над главата, па благодарение на фактот дека е слаб, успеа да се провлече меѓу нив и да го пробие таванот од лесните табли, кои често се гледаат во канцелариите.

Посебно е интересно однесувањето на полициските службеници. Отпрвин тие дури и не реагираа на неговиот обид, сметајќи дека нема шанси да се искачи, но кога успеа во тоа, настана паника.

Тие избезумено почнаа да трчаат наоколу, бидејќи сфатија дека тој веќе е практично слободен со една нога.

Сепак, еден од потрезвените полицајци го фати притвореникот за нога и на тој начин успеа да го спречи, како пајак, да избега низ таванот до соседната соба.

Затвореникот брзо сфатил дека нема излез, па дури и побарал од полицаецот да му ја пружи раката за полесно да се врати.

Кога се спуштил во ќелијата, тој ги понудил рацете на кои му ставија лисици за да не ја комплицира дополнително ситуацијата.

Како и да е, тој добро ги испоти.

Loading...

 

Leave a Reply