Некои се премногу далеку, некои цело време беа под санкции. Бидејќи е прашање на време кога овие места ќе стигнат и до списокот на врвни дестинации, размислете да посетите некои земји од оваа листа следната година доколку санкциите за коронавирусот бидат укинати.
Има толку многу убавини низ целиот свет, и малку сте уморни од популарните и со туристи пренатрупани дестинации? Барате нова авантура, егзотично место кое сè уште не е посетено масовно?
Има многу такви места, само треба малку да ги проширите хоризонтите и да се обидете да погледнете надвор од вообичаените рути, пишува списанието Травел.
Па да почнеме по ред.
Науру – помалку од 200 посетители годишно
https://www.instagram.com/p/BpqD0HNHaac/?utm_source=ig_embed
Науру е една од најмалку посетените земји во светот. Тоа е исто така најмалата независна република во светот. Историјата на Науру се враќа далеку во минатото и борбата за независност откако оваа мала островска држава во регионот на Микронезија ја водеа неколку други држави. Германија, Велика Британија, потоа Австралија и Нов Зеланд беа надлежни. Независноста дојде во 1968 година.
Интересно е што Науру нема главен град, како и дека само околу 11.359 жители живеат на островот (попис од 2017 година).
За жал, по исцрпувањето на резервите на фосфат, островот бара алтернативни извори на приход, но сепак е меѓу најсиромашните земји во светот.
Тувалу – околу 2.000 посетители годишно
https://www.instagram.com/p/ByrFZN4FzeD/?utm_source=ig_embed
Тувалу, исто така позната како островите Елис е островска држава во полинезискиот појас, во Океанија. Четвртата најмала земја во светот е исто така четврта земја со најмало население (по Ватикан, Монако и Науру).
Една од најоддалечените земји во светот е всушност архипелаг со 9 острови во Тихиот океан.
За жал, поради постојан пораст на нивото на морето, Тувалу може да стане првата земја што ќе исчезна поради големите климатски промени.
Интересно е што нејзиниот аеродром, во периоди кога нема летови, им служи на локалното население како простор за дружење и дека единствениот пат низ островот е преку островот, опкружен со корален гребен и тиркизна вода.
На граѓаните на ЕУ, Америка, Велика Британија, Канада и Австралија не им е потребна 30-дневна виза за посета. Зошто би сакале да го посетите Тувалу? Сè уште зборуваме за рајски остров кој има одлични места за нуркање и пливање.
Гвајана – помалку од 3.000 посетители годишно
https://www.instagram.com/p/CFPg2EiBAHN/?utm_source=ig_embed
Гвајана, земја во Јужна Америка, се наоѓа на брегот на Атлантикот. Се граничи со Венецуела и Суринам, а изненадувачки туристите ги заобиколуваат иако не е далеку од врвните дестинации и е единственото место каде официјален јазик е англискиот.
Оваа земја има многу силна карипска атмосфера, што се рефлектира на белите, песочни плажи, џунглите, речните корита и саваните.
Маршалски острови – околу 6.000 туристи годишно
https://www.instagram.com/p/CFH-kBshwKP/?utm_source=ig_embed
Маршалските острови се друга група острови во Пацификот, кои туристите ретко ги посетуваат. Овој архипелаг се наоѓа помеѓу Филипините и Хаваите, на одлична позиција да се скокне и тука, а сепак многу луѓе го заобиколуваат.
Тие се состојат од 29 атолски острови, а најголем е Квајелин и најпознат е Бикини. Овој остров е многу ограничен со посети, откако Американците го искористија за нуклеарни тестови. Затоа Бикини честопати се нарекува „тропски рај, нуклеарен пекол“.
Островите имаат вкупно население од повеќе од 60.000 жители, а главен град е Мајуро.
Маршалските острови се најдобри за оние кои сакаат да нуркаат, бидејќи имаат повеќе од 1.000 регистрирани видови риби. Тоа е убедливо најголема бројка во целиот свет, и затоа најдобра препорака ако сте нуркач.
Кирибати – 6.800 туристи годишно
https://www.instagram.com/p/CD_b8QxMf_E/?utm_source=ig_embed
Кирибати или Кирибас лежи во Пацификот, а најблизок сосед им се Фиџи. 33-те острови на Кирибати зафаќаат над 1.351.000 км2 во областа околу екваторот.
Поголемиот дел од населението живее на островот Гилберт. Во рамките на овие острови се наоѓаат Елис Островите (Тувалу) кои се одделија. Голем дел од атолот е чувствителен на поплави, па дури и тоне ако се подигне нивото на морето, и тие се во постојана опасност од истребување.
Кирибати е целосно опкружен со корални гребени, а вкупното население е 103.092 жители. Тие се познати по своите многу добродушни домаќини и богата култура.
Туркменистан – околу 6.000 посетители
https://www.instagram.com/p/CFRU2eUhZLw/?utm_source=ig_embed
Туркменистан е затворен за меѓународни пристигнувања со децении. Оваа азиска земја е сè уште најмалку посетена земја во Централна Азија и една од најинтересните земји во светот.
Тоа е исто така земја чија 80% од површината е пустина и е дом на традиционалниот, номадски живот. Денес е невозможна мисија да обезбедите виза, а сето тоа претежно поминува низ туристички агенции, па дури и тие не можат да гарантираат дека ќе добиете виза.
За да го посетите Туркменистан, најпрво ќе поминете низ Истанбул. Главниот град Ашгабат е крајно бизарен и уникатен главен град на светот, кој честопати се нарекува „порта на пеколот“.
Комори – околу 28.000 туристи годишно
https://www.instagram.com/p/Bxhd8pBCwlx/?utm_source=ig_embed
Се разбира, ова е уште една островска земја која се наоѓа недалеку од источниот брег на Африка, во близина на Мозамбик и Мадагаскар. Она што е Комори е секако прекрасен рај со недопрени плажи и дива џунгла.
Тие се слаби и во однос на туристичката инфраструктура, затоа не очекувајте вашиот транспорт да биде лесен на овој остров.
На крајот мора да се напомене дека сите овие држави поради својата изолираност, слаба посетеност, и скоро никакви патувања од своето население во странство, се уште немаат регистрирано заразени од коронавирус.