Призор од куче кое бега и во устата носи чорап можеби изгледа слатко и неодоливо, но кога кучето стане „хроничен крадец на претите“ повеќе не ви е смешно. Имено, ваквото однесување може да биде стресно за вас и опасно за кучето.
Одредени раси, вклучувајќи го златниот ретвривер, јоркширскиот териер и папилон, имаат тенденција повеќе од другите раси да „крадат“. Ако вашето куче хронично краде предмети по дома за да ги сокрие или гризе, веројатно имате проблем и треба бргу да го решите.
Имено многу е малк черокот од папучата на подот до оброкот на шпоретот. Без оглед на расата, важно е да го спречите таквот однесување пред да дојде до посериозни проблеми.
Кога кучето краде храна, мотивите се очигледно. Дури и ако е добро нахрането, вашето куче и натаму ќе има потреба да земе дел од вашиот оброк. Меѓутоа, таквото однесување може да ескалира па миленикот ќе се навикне да зема храна од трпезариската маса, мијалникот или шпоретот.
Некои кучиња крадат затоа што сакаат внимание. Тие земаат предмети кои ни се важни за да ги бркаме.
Како да се реши тој проблем?
Ако кучето краде работи поради игра, најдобро е да се научи кои се неговите играчки, но додека вежбате, се препорачува да ги држите облеката, детските играчки и обувки надвор од неговиот доме. Уште поважно е да внимавате кучето да не проголта нешто што не би требало затоа што тоа може да доведе до сериозни проблеми.
Исто така мора да внимавате да не оставате храна пред и по оброкот таму каде кучето може да ја дофати.
Во случај да имате куче кое често краде, посоветувајте се со ветеринар во врска со храната која инаку ја купувате затоа што е можно вашиот миленик да не го добива она што му е потребно. Не го бркајте кучето кога нешто ќе ви украде затоа што тоа е можеби она што го сака затоа што тоа го доживува како награда.