Објавени протоколите за работа на кошаркарските клубови

Сподели со своите пријатели

Сите кошаркари/ки и членови на кошаркарските тимови ќе мора да се тестираат најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето.

Loading...

Кошаркарската федерација на Северна Македонија ги објавува протоколите за работа на кошаркарските клубови во време на пандемијата на коронавирусот, како начин за превенција и заштита од Ковид-19, кои беа донесени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Согласно протоколите, тренинзите и натпреварите во рамките на кошаркарските натпреварувања, пријателски или официјални, ќе се одвиваат без присуство на публика. Ќе има ограничен пристап на терените, а сите официјални лица, со исклучок на кошаркарите на терен, ќе мора да носат заштитни маски.

Сите кошаркари/ки и членови на кошаркарските тимови ќе мора да се тестираат најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето, a по потреба и дополнително.

Комплетниот протокол за работа на кошаркарските клубови може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Leave a Reply