Утре се отвораат скопскиот и охридскиот аеродром

Сподели со своите пријатели

Летот на „ВизЕр“ за Бремен, Германија во 6 часот наутро, ќе го отвори Меѓународниот аеродром во Скопје по пауза од речиси триипол месеци.

Loading...

„ВизЕр“ утре ќе има летови и за Ларнака, Стокхолм и Келн.

Патувањата ќе се одвиваат по нови правила и протоколи. Патниците ќе треба да бидат 3 часа пред нивниот лет на аеродром, а маските се задолжителни.

Секој патник ќе подлежи на мерење на телесна температура преку термална камера, а во чекалницата на аеродромот нема да е дозволено седење еден до друг за да се избегне ширењето на вирусот.

Секој од патниците кој што ќе биде сомнителен ќе биде преземен од страна на екипите на Центарот за јавно здравје, а во функција ќе биде и собата за изолација.

Во аеродромските згради ќе можат да влегуваат само патниците. Семејствата и пријателите ќе мора да останат пред објектот.

Leave a Reply