Компанијата Фејсбук објави дека ќе започне со обележување на потенцијално штетните постови на својата мрежа, што сепак ќе ги остави заради нивната важност за јавноста.
Компанијата е под притисок да ограничи содржини на својата платформа, вклучувајќи ги и објавите на американскиот претседател Доналд Трамп.
Вибер ги прекинува односите со Фејсбук: „Намерно и шокантно заминаа предалеку“
Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека компанијата ќе забрани реклами кои опишуваат различни групи врз основа на описи како што се расата и имиграцискиот статус, како закана, јавува Би-Би-Си.
Фејсбук исто така ќе ја отстрани содржината, дури и ако е објавена од политичар, ако процени дека поттикнува насилство или врши притисок врз гласањето.