Пире компир на многу трпези е еден од омилените додатоци кој се сервира со ручекот, а совршено оди со месо или гулаш.
Познато е дека за добар пире компир се важни два фактори – видот на компирот и температурата на подготовка.
Готвачот Тилер Флоренс, од најпознатиот телевизиски канал „Chef’s Food Network“ кој се занимава со храна, тврди дека луѓето го подготвуваат на погрешен начин.
Излупениот и измиен компир треба да се вари во павлака за готвење во која претходно сме растопиле путер.
Измијте, излупете и исечкајте го компирот, па додадете го во лонец со павлака за готвење (0,5л).
Додадете и 3 лажици маслиново масло и 3 лажици путер.
По желба додадете сол, зачини или лук.
Поклопете го лонецот и оставете лесно да се крчка околу 20 минути.
Исцедете ги компирите, но сочувајте ја водата во која се вареле, и помалку додавајте во садот со компири.
Пасирајте ги компирите.