Се отвора првата арктичка зоолошка градина

Сподели со своите пријатели

Првата арктичка зоолошка градина, каде животните ќе бидат чувани во природна околина, ќе се отвори во Јамалија, изјави гувернерот на тој далечен регион на северот во Русија, Дмитриј Артуков.

Loading...

„Ние сакаме да ја отвориме првата зоолошка градина на Арктикот што ќе има само една зграда во која ќе бидат сместени канцеларии, кафулиња, продавници за сувенири, додека животните ќе бидат во природна околина и ќе го искористиме природниот пејзаж најефикасно“, рече Артуков.

По 10 години обидување, панди се спарија бидејќи во зоолошката нема луѓе

Според ТАСС, тим експерти веќе работат на изградба на музејот на Арктикот.

Регионот Јамалија е создаден во 1930 година и претежно припаѓа на северниот арктички круг со исклучително студена клима, додека некои делови се наоѓаат во северниот дел на Урал.

Leave a Reply