ПОДОБРЕТЕ ЈА РАБОТАТА НА МОЗОКОТ: 7 хобија кои ве прават поинтелигентни

Сподели со своите пријатели

Луѓето веќе долго време веруваат дека сме родени со одредено ниво на интелигенција и дека мора да живееме во рамките на нашите ограничувања.

Loading...

Сепак, современите научници докажаа дека ние всушност можеме да го зголемиме нашиот потенцијал и да уживаме во процесот.

Сега знаеме дека со учење нови вештини, мозокот создава нови „нервни коридори“ кои му овозможуваат да работи побрзо и подобро.

Ова е список со седум хобија кои ве прават попаметни, помоќни и кои ќе придонесат за вашиот успех и приватно и деловно.

Свирете музички инструмент

Музиката помага во развој на креативност, аналитички вештини, јазици, математика, моторни вештини и многу повеќе.

Она што го прави свирењето музички инструменти поразлично од другите активности, е зајакнување на „corpus callum“ што ги поврзува хемисферите на мозокот со создава нови врски.

Loading...
Image by skeeze from Pixabay

Читање квалитетен материјал

Придобивките од читањето се исти без разлика дали станува збор за добра книга или квалитетна медиумска содржина.

Читањето го намалува стресот, ве тера да се чувствувате подобро и зголемува три типа на интелигенција – кристализирана, флуидна и емотивна.

Помага во решавање на проблеми, спојување на различни делови на знаење за подобро справување со секојдневниот живот, откривање на нови модели, процеси на разбирање и точно интерпретирање и реагирање на чувствата на другите луѓе.

Image by Free-Photos from Pixabay

Вежбајте редовно

Loading...

Повремените вежби не се доволни. Редовното вежбање е многу поефикасно, дури и ако не е премногу напорно.

Кога редовно вежбате, клетките се преплавени со протеини кои помагаат во меморијата, учењето, концентрацијата и разбирањето. Ова често се нарекува ментална острина.

Image by PublicDomainPictures from Pixabay

Научете нов јазик

Истражувањата покажаа дека луѓето кои знаат најмалку два јазици се подобри во решавањето загатки од луѓето кои зборуваат само на еден јазик.

Успешното учење на нови јазици му овозможува на вашиот мозок подобро да ја извршува секоја ментални задачи. Тука се вклучуваат вештини како што се планирање и решавање на проблеми.

Loading...
Image by Наталия Когут from Pixabay

Тестирајте го кумулативното учење

Многумина од нас се навикнати да учат „кампањски“ преку образовниот систем, односно да се подготват за самиот испит, а подоцна да го заборават тоа знаење.

Наместо тоа, многу подобро е кумулативното учење, односно знаење што повремено ќе го усвојуваме, честопати ќе го повторуваме и користиме редовно.

Користете го овој концепт во вашата работа. Правете белешки од вашите состаноци или запишете ги вашите идеи, направете мал дневник за вашата работа, мисли, однесување…

Вежбајте го вашиот мозок

Loading...

Загатки, друштвени игри, видео игри, игри со карти и слични активности ја зголемуваат невропластичноста (можноста на мозокот да се преобразува).

Ова ни овозможува гледање на работите од различни гледишта и разбирање на причините и последиците, однесувањето и емоциите. Стануваме свесни за новите обрасци и ги подобруваме когнитивните способности.

Image by Patrick JL Laso from Pixabay

Медитирајте

Loading...

Во 1992 година, Далај Лама го поканил научникот Ричард Дејвидсон да ги проучи неговите мозочни бранови за време на медитацијата за да открие дали може да генерира одредени мозочни бранови со волјата.

Кога Далај Лама и другите монаси медитирале и се фокусирале на сочувството, нивните бранови на мозокот покажале дека се во длабока сочувствителна состојба.

Image by Pexels from Pixabay

Leave a Reply