Почна поставувањето на кровна конструкција на училишна спортска сала која се гради во близина на кумановското средно училиште „Наце Буѓони“.
Изградбата на спортската сала е инвестиција на Владата која се реализира преку Министерството за образование и наука со поддршка на општина Куманово.
-После 60 години средно техничкото училиште „Наце Буѓони” во Куманово ќе добие нова училишна спортска сала благодарејќи на МОН и општината. Во тек е монтажа на покривната конструкција на објектот- објави градоначалникот Максим Димитриевски.
Општината, претходно, издаде и градежна дозвола за изградба на салата .
Изминатиов период во Куманово со средствата на Владата беа изградени и пуштени во употреба две спортски сали, во средното стручно училиште „Перо Наков“, каде наставата се изведува на албански наставен јазик како и спортската сала во основното „Јероним де Рада“ во кумановското село Черкези.
Текст: МИА