Шпанската телевизиска презентерка Наталија Ескудеро извика пред телевизиската камера: „Не доаѓам да работам утре!“ кога нејзиното име беше прочитано на ждрепката на Шпанската лотарија, најголемиот награден фонд на светот.
Сепак, прославите на ТВ водителката, наводно, завршиле брзо кога се покажало дека всушност освоила само 5.000 евра (5,539 долари) од вкупните наградни фондови за лотарија од 2,24 милијарди евра што беа поделени оваа година.
Наталија Ескудеро, која работи за национален радиодифузер РТВ, подоцна се извини на Твитер за нејзината реакција, изјавувајќи дека „поминува низ тежок“ период од „лични причини“, објави Скај њуз.
Шпанската Божиќна лотарија не дистрибуира толку големи придобивки на поединците како американската, но вкупната сума на парични награди дистрибуирани до среќните клиенти ја прави најбогатата лотарија во светот.
Највисоката награда за лотаријата, јавно позната како Ел Гордо (Дебелко), која ја освои оваа година поединец, беше 400.000 евра, со вкупен награден фонд од 4 милиони евра, распределен на десет добитници на лотарија.
Aquí la tienes: “la reportera de La 1” de la que habla todo el mundo a estas horas. ¡Se llama Natalia Escudero! #LoteríaRTVE
— TVE (@tve_tve) December 22, 2019
? Directo ➡ https://t.co/pfgTOQpaaN pic.twitter.com/58j3ACuNte