Со положување свежо цвеќе утринава започна свеченото одбележување на 75-годишнината од ослободувањето и 500-годишнината од формирањето на Куманово.
На Спомен Костурница бројни делегации одадоа почит на паднатите борци, а меѓу нив Здружението на борци од НОБ, локалната власт предводена од градоначалникот Максим Димитриевски, централната предводена од министерот за внатрешни работи и вицепремиер Оливер Спасовски, почесните граѓани на Куманово евроамбасадорот Самуел Жбогар и поранешниот претставник на УНДП Луиза Винтон, гостите на градот од збратимените градови, политички парии, владини и невладини организации, граѓани.
Пред присутните се обрати претседателот на здружението на борци Цоки Ристовски, кој даде историски осврт на ослободувањето на Куманово.
Свеченоста беше збогатена и со настапи на кумановските средношколци.