Угостителските објекти во Куманово почнувајќи од вечерва заклучно со недела ќе можат да работат дополнителни два часа.
Loading...
Ваква одлука пред извесно време донесе едногласно Советот на Општина Куманово, а во рамките на одбележувањето на 500-годишнината од постоењето на градот.
Ваквата пракса се применуваше и во изминатите години, а е со цел да им се овозможи на граѓаните да се забавуваат повеќе и достоинствено да го одбележат празникот на градот.
Согласно законските регулативи, локалната самоуправа може да го продолжи работното време на угостителите три дена по ред со максимум дополнителни два часа работење.