Денес на градскиот плоштад: Кумановските пленумци со акција за помош на Тетово

Сподели со своите пријатели

Членовите на Средношколскиот пленум од Куманово организираат хуманитарна акција за помош на подрачјата погодени од катастрофалните поплави во понеделник.

Loading...

Во своето јавно соопштение, пленумците ги повикуваат сите хумани граѓани денеска на градскиот плоштад веднаш до фонтаната „Батко Ѓорѓија“ да дојдат на нивниот импровизиран штанд, и да донираат средства за помош на поплавените подрачја во Општина Тетово.

Акцијата ќе започне во 17:30, а ќе трае се до 19:30 часот, а граѓаните можат да донираат нерасиплива и конзервирана храна, вода, лекови и средства за лична хигиена.

Од средношколскиот пленум ги замолуваат сите граѓани кои се во можност да помогнат и при транспортот на материјалите до Општина Тетово.