Дваесет и тригодишниот Марио Арангеловски од Куманово викендов настапи на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ каде успешно се пласираше во вториот круг.
Loading...
Првата песна беше од Дино Мерлин, а втората од Здравко Чолиќ при што младиот кумановец ги освои симпатиите и на публиката и на жири комисијата.
За ментор ја избра Јелена Карлеуша. Во продолжение слушнете го неговиот настап, а останува да видиме дали ќе влезе меѓу најдобрите како неговиот минатогодишен колега Мартинијан Кириловски.