Црногорската полиција уапси политичар качен на автомобил (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Црногорската полиција го уапси претседателот на „Права Црна Гора“, Марко Милачиќ и генералниот секретар на таа партија, Владислав Дајковиќ, околу 11:20 часот во центарот на Подгорица.

Loading...

На Милачиќ полицијата му ставила лисици на рацете откако се качил на покривот на автомобилот и се обидел да одржи говор пред зградата на Врховниот државен обвинител.

Инцидентот се случил околу 11 часот кога, според Милачиќ, полицијата „неправилно и нелегално“ го запрела возилото на „Права“ со реквизити, откако се обиделе да одржат прес-конференција пред зградата на Врховниот обвинител на државата.

Милачиќ рекол  дека е должен во име на замолчената Црна Гора и замолчените правници да се прости од црногорското судство починато од молчење.

„Правда, остана сама без обвинителство кое достоинствено би ве чувало“, рекол Милачиќ, пред да биде приведен.

https://www.facebook.com/markomilacic1985/videos/2436153283086579/

Leave a Reply