На автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, вчера околу 5 часот полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „порше“ и на патничко возило „ауди А8“, но возилата не застанале.
Loading...
Како што појаснуваат од полицијата, набргу возилото „порше“ застанало и при негова проверка биле пронајдени 16 мигранти (две малолетни лица), од кои пет од Пакистан, шест од Еритреја и пет од Непал, сите без документи за идентификација.
Мигрантите и возилото биле предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.