Медицинско чудо – вака се означува успехот на лекарите во Факултетската болница во вториот по големина чешки град Брно, кои успеале рекордно долго да ги одржат животните функции на 27-годишната бремена жена, Ева. Иако нејзината дијагноза била мозочна смрт, лекарите ја чувале на уреди само со една цел од мај – за детето да преживее.
И минатата седмица со царски рез, на свет излезе девојче, со тежина од 2,1 килограм и целосно здраво. Мајката била исклучена од уредот веднаш по породувањето, и така таа и официјално починала.
Ева, чиј сопруг е полицаец, претрпела сериозно крварење на мозокот и за неа повеќе немало помош. Во тој момент, таа била во четвртиот месец од бременоста. Лекарите решиле барем да го спасат бебето што Ева го носела. Имало само еден начин – да се чека плодот во телото на Ева да созрее доволно за да стане способен за живот.
– И ние го сторивме тоа! – Задоволен е Павел Вентруба, раководител на Гинеколошко-акушерската клиника во Брно.
Девојчето е родено на 34-ти месец од бременоста. Вториот ден по раѓањето, таа била пуштена дома, каде ја чекаа нејзиниот татко и брат Метју. Сепак, никогаш нема да се запознае со нејзината мајка.
– Мајката беше клинички мртва, знаевме дека веднаш по породувањето, ќе го прекинеме нејзиното вештачко одржување на животните функции. За жал, така требаше да биде. Слично на тоа, со закон, и со луѓето што донираат органи – вели професорот Вентруба.
Не постои сличен пример во светот. Тоа е единствена должина од над три месеци за практично мртви лица да се чуваат на уреди.