Алан Дафи е главен научник на Ројал институтот во Австралија, а минатата недела не му било јасно кога одеднаш новинарите „полуделе“ и го затрупале со повици. Не можел да им одговори на сите, но сметал дека новинарите направиле метеж околу нешто што астрономските центри ширум светот веќе одавно знаат и следат.
Прогнозите за таа недела во која бил и четврток 25ти јули 2019 година, биле дека ќе има неколку релативно блиски минувања на помали астероиди. Ништо особено. Потоа, како што раскажал за „Вашингтон пост“, во еден момент фрлил поглед на деталите од вселенските камења и забележал астероид 2019ОК.
– Бев изненаден. Во вистински шок, рекол тој.
На екранот на својот компјутер покрај планетатља Земја во тој момент, 2:22 часот по полноќ, со брзина од 25 километри во секунда минувала карпа со димензии околу 100 метри во обем и тоа на одалеченост помала од една петина од одалеченоста меѓу Земјата и Месечевета орбита.
До тогаш тој астероид човештвото не го знаело., тоа било прв пат да е регистриран, како да се појавил „од никаде“.
Димензиите на овој астероид се од 52 до 129 метри во обем, се проценува дека во тој момент во однос на Земјата одел со бризна од дури 88/500 километри на час.
Ако се земат предвид сите податоци и астероидот удрил во Земјата, научниците проценуваат дека тоа би била експлозија еднаква на сила на нуклеарна бомба од 10 мегатони.
Според други проценки, просторот на разорување би бил околу 2.000 километри квадратни, што отприлика е точно она што се случило во Сибир во 1908 година со тунгуската експлозија.
Тоа што астероидот бил откриен токму во моментот кога минувал покрај Земјата е многу лоша вест.
– Беше многу непријатно близу, раскажл подоцна за медиумите Дафи.
НАСА и многу други осперватории астероидите од ваква големина по правило ги забележуваат многу порано. Тоа што овој не го забележале „на време“, всушност не е нивна грешка, туку тоа што во 21 век милијарди се вложуваат во производство на ново оружје, отколку за истражување на вселената.
Во целата инфраструктура човештвото би требало да вложува повеќе, за да не се случи таков еден астероид како што е 2019ОК да мине незабележан о се до моментот кога ќе се насочи кон населено подарчје на Земјата.