Како и секое лето, многу Кинези се одлучиле да се разладат во аква парковите.
Loading...
Базените кои прават вештачки бранови се вистинска атракција и особено се популарни меѓу децата.
Меѓутоа, во забавниот парк Шуијун, во провинцијата Џилин, настанал вистински хаос кога капачите ги поклопил бран од три метри.
Повредени се дури 44 лица, а многу посетители започнале да бегаат во паника кога го ивделе оваа изненадно „цунами“.
Неколку лица биле хоспитлаизирани поради скршеници и други повреди.
Се смета дека механичкиот дефект довел до формирање на огромниот бран, а базенот ќе биде затворен неколку дена додека траат поправките.