КАЗНИТЕ НЕ СЕ РЕШЕНИЕ: Што треба да направите ако вашето куче е агресивно при шетање?

Сподели со своите пријатели

Постојат повеќе причини кои можат да влијаат на агресивноста: недоволна или неадекватна социјализација, несигурност или преѕходни непријатни искуства.

Loading...

Некои кучиња со време започнуваат да покажуваат агресивно однесување кога се на поводник при шетање.

Ако внимателно го набљудувате однесувањето и начинот на кој кучињата приоѓаат едни на други кога се слободни без поводник, ќе забележите дека скоро секогаш приоѓаат од страна, како да се заобиколуваат. Кружејќи едно околу друго си душкаат во лицето, задникот и гениталиите и така одлучуваат дали ќе продолжат со интеракција или ќе заминат секој по својот пат.

Кучињата кои нагло вегуваат и се залетуваат во личниот простор на друго куче без претходниот ритуал на поздравување, обично предизвикуваат напнатост кај кучињата кои приоѓаат, а понекогаш може да дојде и до конфликт. Вашата реакција и казнувањето за кучето се дополнително негативно искуство кое не помага, туку го зајакнува стресот, стравот и напнатоста. Бидете смиерни. Ако кучето веќе некое време покажува вакво однесување или сте загрижени затоа што тоа се случило неколкупати, најдобро е да побарате помош од сертифициран експерт за однесување.

Изберете помирни места за прошетка и избегнувајте ситуации во кои кучето би можело агресивно да реагира. Кучињата не ги казнувајте. Казната може да го спречи непосакуваното однесување, но нема да ја променио емоционалната состојба, што значи дека однесувањето може да се повтори и да ескалира. Исто така, ако вашето куче покажува агресивно однесување, научете го да носи корпа и користете ја при секоја прошетка.

Секој сопственик на куче треба да научи да разбере и да ги толкува телесните сигнали на своето куче, но и на другите. Ако кучето е напнатно, не приоѓајте му и одалечете го од ситуацијата во која не се чувствува пријатно.

Leave a Reply