Едно од најважните прашања кои ги мачат сите мажи е „дали мојот пенис е нормален“, односно дали нивната партнерка ќе може да биде задоволена со должината и обемот.
Истражувањата велат дека просечната должина на спуштен пенис е 9, додека на оној во ерекција нешто повеќе од 13 сантиметри.
Иако преку 85% од жените се задоволни со големината на пенисот кај своите партнери, само 55% од мажите се задоволни од она со што располагаат.
Помал е бројот на жените кои не се задоволни со малата големина, а далеку поголема е бројката на оние кои повеќе проблеми имаат со онаа алатка што е преголема.
За среќа само 15% од мажите во светот имаат полов орган подолг од 17,78 сантиметри, што е горната граница на просекот. Се што е над тоа, едноставно е премногу според мислењето на поголемиот дел од жените.
Е сега можете само да замислите колку е тешко светскиот рекордер со најдолг алат во светот од неверојатни 34,3 сантиметри да си најде партнерка.