Зошто се јавува чешање при каснување од комарец?

Сподели со своите пријатели

Без оглед на тоа дали пренесуваат опасна болест или не, нивното каснување е доста непријатно со оглед на тоа дека се јавува чешање.

Loading...

Кога комарецот каснува, тој ја пробива кожата и извлекува крв со врвот на своите уста. Во тој процес комарецот убризгува своја плунка која содржи антикоагуланс кој спечува крвта да се засирува околу местото на каснувањето. Каснуваат само женките затоа што крвта им е потребна за да произведат јајце клетки.

7 природни начини за борба против комарците

– Нашиот имун систем ги препознава протеините во плунката од комарецот како страно тело и ослободува хистамини како дел од имунолошкиот одговор, вели професорот Џонатан Деј од медицинската етимологија на Универзитетот во Флорида.

Хистеминската реакција е таа која предизвикува чешање. Тоа е како реакција на окото кога во него ќе влезе прашина која предизвикува чешање. Хистаминот ги шири крвните садови предизвикувајќи оток и црвенило. Сепак, не реагираат сите попеднакво на комарците.

НАПРАВЕТЕ САМИ: Спреј кој ќе ве спаси од комарците

Некои возрасни немаат реакција и не можат да забележат кога ги каснал комарец. Поради тоа со време многу луѓе стануваат толерантни на каснување од комарец.

– Поголемиот дел од возрасните се навикнати на комарците околу својата куќа и не реагираат толку силно како кога биле деца – додава професорот.

Loading...

Image by skeeze from Pixabay

Leave a Reply