Новото јапонско пиво Precious, според рекламата со која е претставено на јавноста е наменето за жените, затоа што наводно ја затегнува кожата и тие што го користат пивото ги прави – помлади и поубави.
Јапонската пивара “Suntori”, во која се прави пиво за подмладување, тврди дека нивниот производ содржи колаген – природнен протеин кој кожата ја држи стегната, свежа и млада.
Со стареењето количината на колагенот во организмот се троши, што е разлог за стареењето на кожата и нејзиното опуштање и збрчкување.
Со тоа што на убавиот пол е многу важен естетскиот изглед на нивната кожа, ова пиво кое содржи два грама колаген во една лименка, е наменето за жените.
Производите кои содржат колаген веќе со години се популарни во Јапонија. На пример, во рестораните се повеќе се служат јадење од храна која природно содржи голема количина на колаген, како што се свински нозе, пераите на ајкула или пилешката кожа, пренесува порталот Економски.
https://www.youtube.com/watch?v=g3Lju9sreXk