98 загинати во уривањето на покрив на ноќен клуб во Доминиканска Република

Сподели со своите пријатели

Најмалку 98 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени откако се урна покрив во ноќен клуб во Санто Доминго, главниот град на Доминиканската Република, соопштија властите.

Loading...

Несреќата се случила во раните утрински часови во вторникот на концертот на популарниот меренге пејач Рубио Перез во ноќниот клуб Џет сет.

Меѓу загинатите е и гувернерот на покраината и поранешен бејзбол играч во Америка, Октавио Дотел (51).

Тој починал на пат кон болница откако бил извлечен од урнатините.

На концертот имаше стотина луѓе, а голем број спасувачи се уште бараат преживеани.

Се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Порторико доживеа ненадеен прекин на струја

Спасувачките служби се надеваат дека многумина кои беа затрупани под урнатиот покрив се уште се живи.

Џез сет е популарен ноќен клуб во Санто Доминго кој редовно одржува концерти.

Loading...

На овој концерт присуствуваа политичари, спортисти и други истакнати личности.

Нелси Круз, гувернер на провинцијата Монте Кристи, е меѓу жртвите, рече претседателот Луис Абинадер.

Видеата кои кружат на социјалните мрежи пред несреќата покажуваат луѓе како седат на маси пред бината, некои танцуваат додека Руби Перез пее.

На снимката од мобилниот телефон, може да се слушне човек кој стои до бината како вели „нешто падна од таванот“, а потоа покажува нагоре.

На видеото се гледа и пејачот Руби Перез како гледа во покривот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инфлацијата во еврозоната конечно стивнува

Помалку од 30 секунди подоцна, се слуша бучава и снимката станува црна додека се слуша како жена вика: „Тато, што ти се случи?“.

Еден од членовите на бендот на Рубио Перез изјави за локалните медиуми дека клубот бил полн кога покривот се урнал околу 1 часот по полноќ.

„Мислев дека е земјотрес“, рекол музичарот.

Loading...

Ќерката на Руби Перез рече дека нејзиниот татко е исто така меѓу затрупаните.