Осумдесет и тригодишен кумановец вчеравечер бил пријавен за исчезнат од страна на неговата сопруга.
– На 06.09.2026 во 18:00 часот во СВР Куманово, Е.М.(72) од Куманово пријави дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг С.М.(83), информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Никола Ивановски

