Во организација на ЗАПВАРС (Здружение на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово), беше организирана комеморативна посета и чествување пред куќата во с.Пелинце, место каде пристигнале членови на британската воена мисија на 15.11.1943 год. која се придружила на партизанскиот одред во кумановско – козјачкиот регион.
Loading...
Поддршката во оружје и логистика од страна на Британските сили била од големо значење за антифашистичкото движење во НОБ.
Loading...
Во знак на почит и благодарност, пред спомен – обележјето свежо цвеќе положија претставници од Општина Куманово и членови на Советот на Општината, кои беа дел од многубројните делегации од нашата држава.
Loading...