75 години имал мажот што загина во пожар во Кокошиње

Сподели со своите пријатели

Сеумдесет и петгодишен маж од кумановското село Кокошиње е првата жртва на пожарите годинава во Македонија.

Loading...

Лицето вчера почина откако неговата куќа била зафатена од пожар, а внукот успеал да ја спаси само својата баба.

– На 29.07.2024 во 18.42 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 14.00 часот настанал пожар на сува трева во с.Кшање, кумановско, кој се проширил и го зафатил и село Кокошиње, при што била зафатена и куќата на С.П.(75) и Т.П.(73), информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, од здобиените повреди на местото починал С.П., додека нивниот внук успеал да ја извлече Т.П. од куќата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Од вечерва врнежи од снег

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство кај С.П., а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

Никола Ивановски