Министерството за здравство на Газа соопшти дека 730 луѓе се убиени откако Израел продолжи со бомбардирањето на палестинската територија на 18 март, од кои 57 во изминатите 24 часа.
Loading...
Во соопштението на Министерството се вели дека регистрирале 730 смртни случаи и 1.367 ранети од обновувањето на воздушните напади и 57 смртни случаи во последните 24 часа, со што вкупниот број на загинати од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година достигна 50.082.
Најмалку 21 Палестинец се убиени во израелски напади низ Газа, според здравствените власти, пренесува АФП.