Над 650 ученици денеска се натпреваруваа на најмасовниот училишен крос натпревар во Куманово кој се одржа на спортскиот аеродром Аџи Тепе.

Учениците од основните и средните училишта во градот се натпреваруваа во вкупно 14 трки, по 7 трки во машка и женска конкуренција.

На најдобрите ученици со освоени први три места на училишниот крос, им беа доделени медали, дипломи и маици.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот кои на учениците им посакаа континуирани спортски успеси и во иднина.

Крос натпреварот е во целосна организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт, кој го спроведе натпреварот согласно со усвоената работна програма за тековната година.









Никола Ивановски

