64 здравствени работници и 24 пациенти ставени во изолација

Сподели со своите пријатели

Шеесет и четири вработени од Клиниката за кожни болести, 24 пациенти, денеска се ставени во домашна самоизолација.

Loading...

Како што соопшти министерот Венко Филипче, контактирани се сите што биле во контакт со заболената, дел од нив се веќе во изолација, а просториите каде истата била се дезинфицирани.

Салата е целосно исчистена согласно прописите и со клиниката од страна на вработените и службите, а истото ќе се направи и од ЦЗЈ. И покрај тоа што ги презедовме ситемерки, ова денеска многу не разочара, ќе се преземат мерки против директорката, сега е предизборен период, но во првата можност ќе биде разрешена, со оглед дека целата клиника ќе биде затворена 14 дена, одговорност ќе има за секој кој нема да се придржува до пропишаните мерки, во таа смисла повторно апелирам на сите кои им е препишана домашна самоизолација доколку патувале во ризични региони да внимаваат на мерките и да се придржуваат од нив кои ние неоку пати на ден ги повторуваме, зарозрување на јавнто здравје е сериозен прекршок и никој нема да биде поштеден од одговорност, изјави Филипче.

На конференцијата на која присуствувала директорката имало 103 лекари, а имало и тројца лекари од Грција, за Филипче лично го известил грчкиот колега за нивниот идентитет.

Осум пациенти моментално се испитуваат, маж кој на 26ти престојувал во Бугарија со неговата сопруга и покажал одреднеи симптоми, еден патник од Сингапур, македонски државјанин кој пред три дена се вратил во земјава, четири лица кои биле во контакт од семејството со пациентите хоспитализирани од Дебар и еден пациент од Гевгелија за кој е испратен материјал на анализа.

Никола Ивановски

Leave a Reply