6 причини зошто треба да користите лимон во исхраната

Сподели со своите пријатели

Лимонот е популарно цитрусно овошје кое најчесто се користи за правење пијалоци и преливи за салати, а ретко се јаде самостојно, за разлика од портокалите и мандарините.

Loading...

Тоа е добар извор на витамин Ц и флавоноиди кои придонесуваат за подобро здравје, и еве зошто треба почесто да го користите во вашата исхрана:

Го намалува ризикот од мозочен удар

Според четиринаесетгодишната американска студија во која учествувале 70.000 жени, луѓето кои јаделе најмногу цитрусно овошје имале 19 проценти помал ризик од исхемичен мозочен удар од оние кои јаделе многу малку од ова овошје.

Image by Free-Photos from Pixabay

Го спречува развојот на хипертензија

Една јапонска студија открила и дека жените кои секојдневно користат лимон имаат помал крвен притисок од оние кои не јадат лимон.

Loading...

Го забавува стареењето на кожата

Витаминот Ц од лимоните потикнува формирање на колаген што е клучно за спречување на брчки. Овој витамин, како и други антиоксиданти содржани лимонот, се борат против загадување и оштетување предизвикано од УВ зрачење.

Помага во превенција на астма

Студиите покажуваат дека луѓето кои консумираат повеќе хранливи материи, вклучително и витамин Ц, го намалуваат ризикот од развој на астма. Една студија исто така открила дека витамин Ц ги ублажува симптомите кај луѓе со астма кога исто така добиваат настинка.

Image by Jonny Lindner from Pixabay

Ја подобрува апсорпцијата на железо

Недостаток на железо е една од главните причини за анемија и меѓу најчестите недостатоци на хранливи материи во развиените земји. Конзумирањето храна богата со железо во комбинација со витамин Ц ја подобрува способноста на организмот да апсорбира железо од храната.

Loading...

Го зајакнува имунитетот

Храната богата со витамин Ц и флавоноиди, како што се лимон и други цитрусни овошја, го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од настинка и грип.

Leave a Reply