5 причини зошто ви недостасува поранешниот, иако сте во среќна врска

Сподели со своите пријатели

Ако сè уште ви недостасува некој со кого сте биле претходно, тоа е добро. Клучот е да не дозволите тоа да ја саботира вашата нова врска.

Loading...

На крајот на краиштата, таа личност ви е бивша со причина.

 

 

  1. Ви недостасува удобноста на познатото

Кога сте на нов „дејт“ или сте во нова здрава врска, една од причините зошто сè уште ви недостига бившиот е удобноста на познатото. Честопати велиме дека би било одлично да го прескокнете излегувањето и да преминете на двегодишна врска каде сè е пријатно и нема почетни непријатности.

Секој почеток е малку непријатен сè додека не се навикнеме едни на други.

Со бившата личност, точно сте знаеле како ќе се одвиваат работите – кој што јаде за појадок, кому и кога му треба простор, што се случувало во понеделникот вечерта, како сте ги минувале празниците итн.

Loading...

Вие сте во врска некое време и сте навикнати едни на други. И тоа било пријатно.

Во вашата нова врска, иако сте заедно веќе подолго време, сѐ уште не ви е целосно удобно, што ве тера да се сеќавате на претходната врска. Значи, можеби не ви недостасува вашиот бивш онолку колку што удобноста сте ја чувствувале со некој што многу добро го познавате.

 

 

  1. Ви недостигаат работите што сте ги споделиле

Честопати се сеќавате на некои работи и спомени низ кои сте поминале заедно и во тој момент замислувате колку било убаво тогаш и колку сте уживале. Да, можеби имате некој нов, но често знаете да се присетите на некои прекрасни спомени.

Ова е сосема нормално. Сите имаме спомени со некого што понекогаш сакаме да ги паметиме, но спомените треба да останат само добри спомени.

Бидејќи, сигурно ќе имате прекрасни и можеби дури и подобри моменти со вашето ново момче или девојка.

Loading...

 

 

  1. Ви недостасува она доброто

Да, бившите партнери се бивши со причина, но тие се и луѓето во кои сте биле заљубени и сакани. А, тоа значи дека, меѓу другото, имало и добри моменти.

Кога раскинуваме со некого, работите што нè натерале да се заљубиме во него не престануваат да постојат. Тие сè уште постојат во вашата меморија и, можеби, во реалниот живот, и ќе ви недостасуваат.

Значи, само затоа што сте раскинале, вашиот поранешен партнер сè уште има некои карактеристики во кои сте се заљубиле.

 

Loading...

 

  1. Го заборавивте минатото

Во вашата врска сигурно имало добри и лоши работи. Но, кога ќе размислите малку подобро зошто сте раскинале и како тие лоши работи сè уште преовладуваат над добрите работи, тогаш ви е мило што сте ја напуштиле таа врска во минатото и сега е само тоа, минато.

  1. Ви недостасува личноста што сте биле

Друга причина зошто поранешниот партнер ви недостасува, дури и ако сте во здрава врска сега, е тоа што можеби ви недостасува она што сте биле самите во таа врска.

Врските го откриваат најдоброто и најлошото во нас. Честопати можете да се сетите колку сте биле супер опуштени и прекрасни тогаш во таа врска и ви недостасува тоа.

 

Loading...

 

Да речеме дека отсекогаш сте сакале сладолед од чоколадо. И тогаш исчезнува целиот чоколаден сладолед во светот, а вие можете да јадете само ванила. И откривате дека обожавате сладолед од ванила. Дали таа љубов кон сладоледот од ванила ќе ви ја одземе љубовта што некогаш сте ја имале кон сладоледот од чоколадо? Не. Тоа било нешто на што сте навикнале и ве терало да се чувствувате пријатно.

Значи, ако сè уште ви недостасува поранешниот парнер, во ред е. Клучот е да не дозволите тоа да ја саботира вашата нова врска.

Повторно, таа личност ви е бивша со причина, пишува Your Tango.