41 лице загина во пожар во црква во Египет

Сподели со своите пријатели

Во неделата вечерта, во две цркви во Каиро се одржаа комеморации за 41 жртва на пожарот што во утринските часови го предизвика краток спој за време на миса во коптска црква во густо населен кварт на египетската престолнина.

Loading...

Црквата Абу Сифин – именувана по Свети Меркур Кесариски, кој го обожаваат Коптите – се наоѓа во тесната уличка на Имбаба, густо населена област на левиот брег на Нил.

Стотици луѓе се собраа вечерта во и пред двете цркви во главниот град за да им оддадат почит на жртвите од пожарот, во кој беа повредени 14 лица пред да биде изгаснат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес во Иран, најмалку 276 повредени

„Поради неисправност на клима уредот, верската сала на вториот кат од зградата во која се наоѓала црквата била исполнета со големо количество чад, што е главна причина за повредени и смртни случаи“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

„Поминаа повеќе од еден час за да дојде брзата помош“

Коптите се најголемата христијанска заедница на Блискиот Исток, а во Египет, претежно муслиманска земја со 103 милиони жители, ги има од 10 до 15 милиони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познати добитниците на Нобелова награда за хемија

„По повеќе од еден час пристигнаа амбулантни возила, противпожарни возила исто така, иако противпожарната станица е едвај пет минути од тука“, рече жителот Мина Масри.

Државното правобранителство најави истрага за причините за пожарот.

Претседателот Абдел Фатах ал Сиси рече дека „дал инструкции на воениот инженеринг да ја обнови црквата оштетена од пожар“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.

Loading...

Конференцијата на католичките цркви во Светата земја и Големиот имам, највисоката институција на сунитскиот ислам Ал-Азхар, со седиште во Каиро, му изразија сочувство на коптскиот поглавар Теодор II.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Тајно погребана тинејџерка убиена за време на протести

Случајните пожари не се невообичаени во Каиро, каде што милиони луѓе живеат во неформални населби.

Поради староста и неодржувањето на инфраструктурата, пожарите со смртни последици се редовна појава низ државата.

Коптите беа жртви на прогон на исламистите во кои беа запалени цркви, училишта и куќи, особено откако Сиси го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси во 2013 година.

Сиси неодамна назначи коптски судија за претседател на Уставниот суд за прв пат во историјата.