32-годишен кумановец приведен за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишен кумановец бил приведен вчера попладне по потерница за издржување затворска казна.

Loading...

– На 14.01.2025 во 16.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле М.И.(32) од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето, како што додаваат од МВР, било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор К`шање за издржување затворската казна.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени четири лица во Куманово, возеле алат за извршување кривични дела