300 нови војници ќе бидат примени во АРМ

Сподели со своите пријатели

Планирано е да се објави оглас за прием на 300 професионални војници во Армијата на Република Македонија, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Loading...

Во изјава за медиумите по работната посета на скопско Марино, претседателот на Владата ги повика сите заинтересирани млади луѓе да се пријават и рече дека се добредојдени доколку сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем на државата.

Нагласи дека ќе бидат примени сите кои ги исполнуваат условите, без оглед на нивната етничка припадност.

– Ги повикувам сите граѓани, без разлика на етничката припадност, сите кои сакаат да бидат вклучени во безбедносниот систем. И тука нема проценти – секој оној кој ќе ги исполни условите, ќе биде примен. Сите, буквално сите оние коишто сакаат да учествуваат во одбраната на нивната татковина, рече Мицкоски.

МИА