28-годишен кумановец физички нападнал полицаец

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен кумановец бил приведен откако вчера физички нападнал полициски службеник.

Loading...

– На 24.07.2024 во 12.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(28) од Куманово затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, А.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски