27-годишен кумановец осомничен дека нападнал и ограбил скопјанец

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишник од Куманово бил приведен под сомнение дека заедно со уште едно лице, нападнале и ограбиле скопјанец.

Loading...

– На 14.02.2025 во 17.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(27) од кумановско, по претходна пријава дека околу 16.55 часот, заедно со уште едно лице, од 22-годишник од Скопје, одзеле пари и физички го нападнале, а употребиле и остар предмет, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР, додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Татко и син со огнено оружје се заканувале на маж од Лопате

Никола Ивановски