Можеби е тешко да се прифати вистината дека нашите индивидуални акции ја засегаат целата планета, но тоа е навистина така.
Нашиот стил на живот има неверојатно влијание на тоа во каков свет би сакале да живеат нашите потомци. Планетата Земја ќе продожи да се врти како и досега, но, дали ние со уништувањето на природата не создаваме почва во која не сме добредојдени?
Со секој нов ден, сите ние сфаќаме дека светот не е ист, климата се менува, се` повеќе има смет и депонии, а се` помалку дрвја и зеленило.
Бидејќи живееме во деструктивно општество по самите себеси, со овие слики сакаме и да предочиме зошто планетата Земја умира со секој нов ден.
Кога ќе го исечеме последното дрво, ќе ја изедеме последната риба, ќе го затруеме последниот извор, тогаш ќе сфатиме дека не можеме да јадеме пари.