16-годишниот син на Рамзан Кадиров стана набљудувач во стрелачкиот вод

Сподели со своите пријатели

Шеснаесетгодишниот Адам Кадиров, син на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, е назначен за набљудувач во новиот стрелачки вод кој е дел од силите на руското Министерство за одбрана, изјави висок чеченски претставник, пренесува Ројтерс.

Loading...

Младиот Кадиров неодамна можеше да се види на видеото објавено на социјалните мрежи од Рамзан Кадиров како удира со тупаници и клоци затвореник обвинет за палење на Куранот.

Видеото наиде на широко распространета осуда.

Рамзан Кадиров, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, тогаш изјави дека е горд на својот син и го почитува Адам затоа што стекнал „достоинство и ја бранел својата вера“.

Адам Делимханов, кој го предводи чеченскиот огранок на Руската национална гарда и исто така е член на рускиот парламент, во вторникот изјави дека младиот Кадиров бил назначен за куратор или набљудувач на стрелачкиот вод.

„Ова назначување е природен резултат на значајната служба на Адам во одржувањето на верските, семејните и културните вредности на нашиот народ“, рече Делимканов, кој се смета за втор највисок функционер во Чеченија по Кадиров, на апликацијата за пораки Телеграм.

Кабинетот на Кадиров не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.

Според руските државни медиуми, претходно овој месец беше формиран чеченски стрелачки одред, кој сега е дел од силите на руското Министерство за одбрана.

Loading...