156 претставки поднеле кумановци до Народниот правобранител

Сподели со своите пријатели

Кумановци и граѓаните од општините од североистокот, лани поднеле 156 претставки до канцеларијата на Народниот правобранител во Куманово, информираа денеска од канцеларијата.

Loading...

Бројот на поднесените претставки е  поголем во однос на 2021 кога граѓаните поднеле 124 претставки.

Најголем број од претставките се од областа правосудство-извршители, казнено поправна установа и граѓански состојби, државјанства. Кумановци и жителите на Липково поднеле многу повеќе претставки во однос на жителите на останатите помали општини

– Во 2022 година како подрачна канцеларија имаме поднесено една претставка по сопствена иницијатива од областа на казнено поправна установа, државниот советник од подрачната канцеларија на Народниот правобранител Куманово, Гордана Тренчевска Ристовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засадени нови садници низ Куманово

Оваа година ќе продолжат средбите со граѓани на Општина Крива Паланка секој последен четврток од месецот со граѓаните од општина Липково во просториите на општините.

– Би сакала да напоменам дека, поголемиот број граѓани кои ја посетуваат нашата канцеларија, не поднесуваат писмена претставка од причина што бараат само устен правен совет од Народниот правобранител, без поднесување на претставка, а добар дел од граѓаните бараат помош и интервенција за случаи за кои Народниот правобранител, согласно законот, не е надлежен да постапува или во дадениот момент сè уште не се исполнети законски предвидените услови за покренување на постапка од страна на нашата институција. Поради тоа не поднесуваат претставка затоа што однапред знаат дека по истата нема услови за иницирање постапка, вели Тренчевска Ристовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 800 парчиња пиротехника пронајдени кај жител на Матејче

МИА