14 мигранти загинаа во бродоломи во Тунис

Сподели со своите пријатели

Туниските власти соопштија дека најмалку 14 мигранти загинале во различни бродоломи во Средоземното Море во последните два дена.

Loading...

Повеќе од 50 се водат за исчезнати по последната несреќа, во која брод потона во близина на брегот, јави Би-Би-Си.

Сите лица на бродот биле од субсахарска Африка.

Тунис е главната рута за мигрантите од другите делови на Африка кои решаваат да го направат опасното патување до Европа.

Тунискиот министер за внатрешни работи изјави дека крајбрежната стража открила повеќе од 900 тела на мигранти оваа година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп заѕвони за отворањето на Њујоршката берза и на толпата вети економски бум