13-годишна внука од Куманово си ја натепала својата баба

Сподели со своите пријатели

Тринаесетгодишна внука од Куманово физички ја нападнала својата баба и ѝ упатувала закани со остар предмет.

– На 18.07.2026 во 21:30 часот во СВР Куманово, 72- годишна жена од Куманово пријави дека во нивниот дом, била физички нападната од нејзината 13- годишна внука, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Исто така, според пријавеното, малолетничката ѝ упатувала и закани со остар предмет на пријавителката и на други членови од семејството.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мотор удри во 7-годишно дете во Куманово