12 луѓе удавени во подземна железница во Кина

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртвите во големите поплави во централната кинеска провинција Хенан се зголеми на 33, а осум лица се водат за исчезнати, соопштија денеска локалните служби за итни случаи

Loading...

Областа погодена од катастрофата опфаќа повеќе од три милиони луѓе, а 256.000 лица се раселени, соопштија властите.

Владата им нареди на локалните власти веднаш да ја подобрат контролата и заштитата од поплавување во системот за градски превоз, откако 12 лица загинаа во поплавената метро станица во Женгжу, објави Ројтерс

На поплавите им претходеа рекордни дождови во целата провинција, а најтешко беше погоден главниот град Женгжу.

Leave a Reply