11 претстави на годинешното издание на „Денови на комедија“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вкупно 11 претстави од Македонија, Србија и Бугарија годинава ќе бидат на репертоарот на 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.

Loading...

Честа да го отвори фестивалот ќе му припадне на велешкиот театар.

– Оваа година фестивалот започнува на 24 септември. Ќе имаме 11 театарски претстави. Отварањето е со театарската претстава од Велес – „Вечера за глупаци“. Билетите традиционално ќе почнеме да ги продаваме неколку дена пред отварање на фестивалот, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

 

 

Новитет годинава е што во пропратната програма на фестивалот учество ќе земат и студентите од факултетите за драмска уметност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој го натепал својот вујко

– Оваа година ги поканивме и Факултетот за дармски уметности од Скопје и Факултетот за ауди-визуелна уметност ЕСРА, студентите да бидат дел од пропратната програма на овој фестивал, прифатија, така да на 30ти и на 7 октомври би требало да имаме изведба на тие претстави во рамки на фестивалот, додава Тодоровски.

Loading...

Инаку билетите ќе започнат да се продаваат на 20 септември (петок) од 12 часот на билетарата во Центарот за култура. Цената на билетот ќе биде 200 денари.

Во продолжение може да го прочитате целосниот репертоар на претсетавите:

24.09 (вторник) – „Вечера за глупаци“ – Театар „Ј.Х. Џинот“ – Велес

25.09 (среда) – „Секс, лаги и љубомора“ – Народен театар Охрид

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученици од Куманово со висок пласман на државниот натпревар во пливање (ФОТО)

26.09 (четврток) –  „Фустанот за бегство“ – Драматично – куклен Театар – Враца, Бугарија

27.09 (петок) – „Аутопут сагбама“ – Позориште „Бора Станковиќ“ – Врање

28.09 (сабота) – „Пар распар“ – Театар Комедија – Скопје

30.09 (понеделник) – „Итроштините на патук“ – Театар Тетово

Loading...

01.10 (вторник) – „Се бара нов маж“ – Драмско – куклен театар „Иван Радоев“ – Плевен

02.10 (среда) – „Мажи во влечки“ – Театар Куманово (албанска драма)

03.10 (четврток) – „Женидба“ – Народен театар Штип

04.10 (петок) – „Кокошке“ – Народно позориште – Ниш, Србија

08.10 (вторник) – „Ноќ спроти Водици“ – Театар Куманово

09.10 (среда) – Затворање на фестивалот и доделување награди и реприза на „Ноќ спроти Водици“ – Театар Куманово

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре повеќе села во Куманово и Липково

Сите претстави започнуваат од 20 часот.

Никола Ивановски

Loading...