11 лица загинаа во пожар во училиште во Уганда

Сподели со своите пријатели

Единаесет лица, меѓу кои и деца, загинаа во пожар во училиште во село во близина на главниот град на Уганда, Кампала, изјави портпаролот на полицијата.

Loading...

Тој рече дека несреќата се случила во текот на ноќта во училиште за слепи во областа Муконо, без да даде повеќе детали, пренесува АП.

Пожарите во училиштата во Уганда предизвикуваат загриженост кај образовните службеници во оваа источноафриканска земја.

Два студентски домови во познатото училиште во Кампала беа уништени во одделни пожари во 2020 година, а никој не беше повреден во тие инциденти.

Во близина на Кампала во 2008 година, 19 ученици загинаа во пожар што избувна во интернат за основци во текот на ноќта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето