Вкупно 103 казни напишала полицијата во Куманово во текот на изминатиот викенд поради непочитување на сообраќајните правила.
– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 103 возачи, стои во соопштението на полицијата.
Најголем број од казните, или 63 биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, додека 24 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.
15 за управување возило без возачка дозвола и 1 за нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли, како што посочуваат од кумановската полиција, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од СВР Куманово.
Никола Ивановски